Ѓоковиќ со триумф над Пол се „загреа“ за Вимблдон
Србинот го доби првиот сет, откако брзо направи брејк, а потоа ја зачува предноста до крајот. Пол возврати во следниот сет каде што славеше во тај-брејк, по што Ѓоковиќ во третиот сет стигна до 7-5.
Ѓоковиќ во првото коло на Вимблдон ќе се соочи против кинескиот тенисер Ву Јибинг.