Брера новиот тренер го најде во своите редови
Станува збор за човек кој одлично го познава клубот и минатата сезона го предводеше младинскиот тим на Брера до освојувањето на двојната круна во првенството и Купот на Македонија.
Исто така тој седеше и на кормилото на првата екипа на струмичкиот клуб во 2022 година кога тимот заврши на второто место на табелата. Стојчев истовремено е и помошник селектор во репрезентацијата до 19 години, функција која ја извршува од почетокот на оваа година.
Брера подготовките за новата сезона ќе ги почне на 13 јули и планирано е да одигра пет пријателски натпревари.