Додека се игра Мундијалот ФИФА исфрли репрезентација од сите натпреварувања!

Во тек на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, ФИФА донесе одлука да ја суспендира Фудбалската федерација на Непал со што репрезентацијата на оваа земја е исфрлена од сите натпреварувања.

Покрај репрезентацијата и клубовите од оваа земја нема да можат да настапуваат во натпреварувањата кои се под капата на ФИФА, а суспензијата е на неопределено време.

Во официјалното образложение ФИФА наведува дека причината е недозволено мешање на трета страна во работата на националниот сојуз.

Станува збор за повеќемесечен спор меѓу Фудбалскиот сојуз на Непал и Националниот спортски совет, кој се вмешал во изборниот процес и функционирањето на сојузот. ФИФА смета дека тоа е прекршување на нејзините статути.

Непал освен забраната за настап на меѓународната сцена остана и без пристап до развојните програми на ФИФА, едукациите, семинарите, како и финансиската помош.