Противничката на Лина пред три години се пензионира поради големите гради!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска на ждребот за Вимблдон во првото коло немаше премногу среќа и за противничка ја доби Американката, Аманда Анисимова.

Анисмова во моментов со 24 години е една од најпреспективните тенисерки во светот и се наоѓа на шестата позиција на ВТА листата, а во кариерата заработи 13.5 милиони долари од настапите на турнирите.

Исто така некогаш беше и трета во светот, но исто така имаше и долга пауза во 2023 година кога одлучи да се повлече од терените. Тогаш проблеми на Анисимова ѝ создаваа нејзините големи гради, меѓутоа откако го реши проблемот се врати и го заигра најдобриот тенис во кариерата.

Токму затоа пред најдобрата македонска тенисерка сега е тежок предизвик.