Вардар сезоната во ЛШ ја почнува со гостување кај Парондо!

Веднаш по ждрепката беше одреден и распоредот на Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите.

Сезоната во која Вардар се враќа во елитното друштво ќе ја почне со гостување кај Мелсунген кој е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Мелсунген од клупата е предводен од екс-стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Прв кој ќе гостува во Скопје е Нант, потоа следи уште еден домашен натпревар со Висла Плоцка, па гостување во Полска, домашен дуел со Мелсунген и за крај гостување во Франција.

9/10 09.2026 Meлсунген – Вардар

16/17 09.2026 Вардар – Нант

7/8 10.2026 Вардар – Висла Плоцк

14/15 10.2026 Висла Плоцк – Вардар

21/22 10.2026 Вардар – Мелсунген

27/28 10.2026 Нант – Вардар