Ивановски ќе игра за финале на турнирот во Хрватска!
Иако Ивановски не загуби сет, сепак мечот донесе голема борба и траеше два часа и 35 минути.
Во првиот сет Калин го освои сервисот на противникот во третиот гем кога поведе со 2-1, сепак веќе во следниот Шпанецот возврати и израмни на 2-2. Двајцата тенисери во продолжение беа сигурни на свој сервис, па се играше тај-брејк во кој Ивановски беше подобар со 7-4.
И вториот сет се играше во сличен ритам, а клучен момент за македонскиот тенисер беше последниот 12-ти гем во кој го одзема сервито на Косано за 7-5 и конечна победа.
Противник на Ивановски во битката за финале ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Хрватот Божо Барун и Андреј Чепелев.
Во второто полуфинале исто така ќе игра уште еден македонски репрезентативец, Олег Приходко беше подобар од Димитрис Сакеларидис со 2-0 во сетови и тој ќе се соочи со подобриот дуелот меѓу Себастијан Зоргер – Кумоин Султанов.