Aндонова потпиша за швајцарскиот шампион, ќе игра и во Лигата на шампионите

Maкедонската репрезентативка Наташа Андонова ја продолжува кариерата во редовите на Сервет со кој во наредната сезона ќе ја брани титулата во Швајцарија и ќе игра во Лигата на шампионите.

Екипата на Сервет го потврди ангажманот на Андонова која се очекува да донесе нов квалитет и искуство во пресрет на новата сезона.

Mинатата сезона Андонова ја помина во Шпанија каде што играше за екипата на Мадрид, претходно во кариерата беше дел од Ал-Шабаб, Леванте, Барселона, ПСЖ, Росенгард, Потсдам, Борец и Тиквешанка каде што ја почна кариерата.

За репрезентацијата на Македонија одигра 40 натпревари во кои постигна 14 гола.