Кукуреља треба да исполни лудо ветување ако Шпанија стане светски шампион!

Шпанија и Аргентина в недела од 21 часот ќе се соочат во финалето на Светското првенство (СП), а при евентуална победа на актуелниот европски шампион, Марк Кукуреља ќе треба да го исполни ветувањето дадено пред почетокот на турнирот.

Кукуреља кажа дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис Де Ла Фуенте доколку го кренат пехарот на Мундијалот.

„Ако Шпанија го освои Мундијалот, ќе го истетовирам лицето на Де Ла Фуенте“, кажа Кукуреља.

Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)