Мекгрегор бара да се поништи борбата со Холовеј

Ирскиот борец Конор Мекгрегор издржа само 65 секунди против Макс Холовеј, по што мораше да се предаде затоа што се здоби со тешка повреда.

Мекгрегор, според првичните информации, има повреда на лигамент на десната нога и ќе мора да оди на операција.

„Борбата треба да се поништи и да се вратат сите пари од обложувањата“, објави Мекгрегор по борбата која му донесе 30 милиони евра.

Ова не е првпат Мекгрегор да бара промена на резултат на натпревар поради повреда, зашто пред пет години имаше идентично барање по борбата против Дастин Поирие.