Ристовски и Елези елиминирани: Сараево испадна од Конференциската лига
Натпреварот имаше добар почеток за Сараево бидејќи поведе со голот на Францис Киремех во 22. минута, но во второто полувреме следеше целосен пресврт.
Финскиот тим преку Али Конте израмни на 1-1 во 58. минута, а во завршницата Клинтон Јепта ги постави конечните 2-1 за Интер Турку.
Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези беа на теренот, меѓутоа не успеаја со своите соиграчи да извлечат позитивен резултат.
Фото: Facebook/FK Sarajevo