Ѓорческа немаше среќа – ќе игра против ланската вицешампионка на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, немаше среќа на ждрепката за историскиот настап на Вимблдон, откако за противничка ја доби Американката Аманда Анисимова (24 години), ланска финалистка на овој турнир.

Противничката на нашата спортска гордост е една од најперспективните тенисерки во моментов, која има освоено четири ВТА-титули и заработила 13,5 милиони долари од настапите на турнирите. Таа е поранешна трета тенисерка на светот, која во моментов е шестта на ранг-листата. На ланското издание на овој турнир, Анисимова прво ја совлада Арина Сабаленка, за во големото финале да загуби од тогаш најдобрата Ига Швјонтек.