Познати четири двојки за нокаут-фазата на СП: БиХ и Бразил веќе си ги знаат ривалите!

По одигрувањето на првите два дена од последното коло во групната фаза на СП 2026, познати се имињата на 19 репрезентации кои обезбедија место во нокаут-фазата, како и првите четири осминафинални пресметки.

По комплетирањето на групите А до Ф, пласман понатаму обезбедија Мексико, САД, Германија, Аргентина, Франција, Норвешка, Колумбија, Швајцарија, Канада, Бразил, Мароко, БиХ, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Холандија, Јапонија, Шведска и Австралија. Истовремено, веќе се познати и првите четири дуели од шеснаесетина финалето и тоа Јужна Африка против Канада, Холандија со Мароко, САД против БиХ и Бразил со Јапонија.

Останатите патници во нокаут-фазата и преостанатите двојки ќе бидат познати по натпреварите во следните два дена, со кои ќе биде комплетирана групната фаза на турнирот. Првата пресметка од нокаут-фазата е закажана за в недела од 21 часот, кога силите ќе ги одмерат Јужна Африка и Канада.