Разорните земјотреси во Венецуела однесоа живот и на еден фудбалер
Веста ја потврди новинарот Жаир Пинеда, кој објави дека спасувачките служби се обидувале да го пронајдат Беротеран жив повеќе од 24 часа.
„Можеме да потврдиме дека Јимверт Беротеран, член на репрезентацијата на Венецуела, не преживеал по повеќе од 24 часа интензивно пребарување. За жал, неговото тело беше извлечено од урнатините“, напиша Пинеда на социјалната мрежа X.
Според неговите информации, тажната вест ја потврдија и членовите на семејството, откако мајката на девојката на фудбалерот објави видео во кое откри дека спасувачите го пронашле неговото тело.