По девет години, си замина еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал
Член на мадридскиот клуб во новата натпреварувачка кампања нема да биде ни поранешниот шпански репрезентативец Дани Себаљос кој денеска го објави своето заминување. Тој си оди од Реал по девет години поминати во клубот од кои две како позајмен во Арсенал, но како еден од најтрофејните во историјата на клубот со вкупно 16 пехари.
Интересно е тоа што и покрај богатата колекција трофеи, Себаљос немаше голем придонес во нивното освојување бидејќи за седум сезони одигра само 215 натпревари, најголем дел од нив како резерва и со мала минутажа, постигнувајќи притоа едвај седум гола, последниот од нив во 2024 година.
Засега е непознато каде Себаљос ќе ја продолжи кариерата, се спомнува враќање во матичниот Бетис од каде во 2017 година дојде во Реал, но не е исклучено и друго сценарио.