Подвигот на Дембеле не е виден на мундијалите од 1994 година

Усман Дембеле го постигна првиот хет-трик за француската репрезентација во својата кариера откако денеска постигна три гола во дуелот против Норвешка.

На дуелот од последното коло од групната фаза, фудбалерот на ПСЖ реализира три од четирите гола за „триколорите“, а за тоа му беше потребен нешто повеќе од половина час. Најважно од се, до хет-трикот стигна во првото полувреме, нешто што ретко се гледа на светските првенства.

Практично, тој е прв фудбалер со хет-трик во прво полувреме на натпревар од мундијал по репрезентативецот на Русија, Олег Саленко во 1994 година против Камерун. Вакво нешто им успеало само уште на четворица фудбалери низ историјата: Гери Линекер во 1986, Герд Милер во 1970, Ерик Пробст во 1954 и Густав Ветерстрем во 1938 година.