Историја на СП: Зеленортските Острови се пласираа во нокаут-фазата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Зеленортските Острови станаа најголема сензација на Светското првенство (СП), откако се пласираа во нокаут-фазата на турнирот, и тоа за првпат во нивната историја.

Тие одиграа нерешено против Саудиска Арабија, а притоа го искористија поразот на Уругвај од Шпанија за да дојдат до историски успех.

Натпреварот немаше премногу шанси, иако Зеленортските Острови беа поконкретни на теренот и беа поблиску до освојување на трите поени.

Шпанија славеше со 1-0 против Уругвај, па така го освои првото место во групата Х, со што закажа натпревар во нокаут-фазата против Австрија или Алжир, додека Зеленортските Острови ќе играат против Аргентина.

Фото: Federação Cabo-verdiana de Futebol