ФИФА ќе организира нов Мундијал во САД со 64 репрезентации?

САД повторно би можеле да бидат домаќини на Светско првенство (СП), и тоа во 2038 година, а се очекува на турнирот да настапат дури 64 репрезентации.

Идејата за уште еден голем турнир во САД доаѓа 12 години откако тие ја добија организацијата на турнирот оваа година заедно со Мексико и Канада.

„Би-Би-Си“ пишува дека американските фудбалски челници сметаат дека нивната инфраструктура би можела да одигра најголема улога во кандидатурата.

Голем број стадиони веќе ги исполнуваат стандардите на ФИФА и претставуваат важна предност во однос на другите потенцијални кандидати.