Необична ситуација: Хајдук денеска ќе навива за Динамо Загреб!
Динамо Загреб ја брка двојната круна, а Риека го брани трофејот од Купот на Хрватска кој го освои лани.
Дуелот со внимание ќе се следи и во Сплит, од таборот на Хајдук треба да навиваат за својот најголем ривал, Динамо Загреб, имаат причина за тоа.
Хрватска следната сезона ќе има четири претставници во европските натпреварувања, а распоредот ќе зависи од финалето на купот.
Динамо Загреб ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, освојувачот на купот ќе игра во квалификациите од Лига Европа, а два клуба ќе се најдат во квалификациите од Конференциската лига.
Ако Динамо Загреб ја освои двојната круна, местото за Лига Европа ќе му припадне на второпласираниот тим во првенството, а тоа е Хајдук.
Ако Динамо Загреб победи денеска, Хајдук ќе игра во квалификациите за Лига Европа, а ако испадне од нив ќе добие нова шанса во квалификациите од Конференциската лига.
Доколку Риека го крене трофејот од Купот, тогаш тие ќе играат квалификации за Лига Европа, а Хајдук ќе игра во квалификациите од Конференциската лига.