Мбапе сака да ги игра последните три меча од сезоната за Реал - од себични причини!

„Марка“ пишува дека Килијан Мбапе е подготвен да настапи во последните три кола од сезоната во Ла Лига.

Мбапе откако дозна дека нема да биде стартер против Барселона, туку дека ќе почне од клупата, рече дека е повреден и воопшто не беше во тимот.

Ваквата информација ги налути навивачите на Реал Мадрид, а ниту оваа сегашната не оди во прилог на Французинот.

Имено, Мбапе сакал да ги игра последните три меча од сезоната со цел да влезе во натпреварувачка форма пред настапот за Франција на Светското првенство.

Во последно време често се пишува дека Мбапе гледа повеќе за себе откоку за тимот, па се наведува и дека тоа е една од причините зошто ПСЖ има успех во последните две години, а Реал Мадрид нема.