Ирска ни заврши голема работа, Македонија е на милиметри од следната фаза

Иако тешко дојде до победата на гостувањето кај Азербејџан, македонската репрезентација има многу причини за задоволство и славје по четвртото коло од претквалификациите за Еуробаскетот во 2029 година.

Расположението дополнително го крена победата на Ирска против Луксембург на домашен терен бидејќи нашата селекција сега има голема предност пред ривалите. Ирците славеа со 91-85 за свој прв триумф во овој циклус, но иако немаат шанси за поголем резултат, одиграа цврсто и заслужено стигнаа до победата.

На две кола пред крајот на оваа фаза, Македонија е со максимален ефект (8 бода), односно две победи повеќе во однсо на второпласираниот Луксембург и по три од Ирска и Азербејџан. Иако и со досегашните резултати многу веројатно ќе обезбеди пласман во следниот сегмент, на нашите кошаркари за потврда на првото место им е потребна една победа во последните два меча.

Во нив, во јули, Македонија на домашен терен ја пречекува Ирска и ако ја победи, гостувањето во Луксембург ќе биде само формалност.