Љевар: Македонското првенство е најсилно во регионот!
Љевар смета дека Вардар секогаш мора да има големи амбиции, па така ќе биде и во новата сезона.
„Јас сум еден од новите ракометари на Вардар, чии амбиции се секогаш високи. Тимот има висока база на навивачи и голема историја. Одиме амбициозно во Лигата на шампиони. Ќе работиме напорно од ден за ден“, кажа Љевар.
Ракометарот на Вардар смета дека македонското рпвенство е најсилно во регионот затоа што има четири екипи кои се борат за врвот.
„Македонското првенство е најсилно во регионот, има четири сериозни екипи. Ние сме шампиони, мора да веруваме во себе и да ја одбраниме титулата. Ми треба малку време да се прилагодам во Вардар, но мислам дека ќе се изборам со притисокот“, посочи Љевар.