Малус: Вардар е на вистинскиот пат, имаме високи амбиции!
Малус посочи дека „црвено-црните“ треба да бидат оптимисти за новата сезона, иако конкуренцијата и во македонската лига ќе биде посилна од претходно.
„Мислам дека ќе биде тежок пат оваа сезона, но Вардар е голем клуб со верни навивачи. Имаме високи амбиции и местото на Вардар е во Лигата на шампиони. Ние покажавме минатата сезона дека работиме добро и сме на вистинскиот пат. Сакаме да продолжиме во исто темпо и треба да бидеме оптимисти за оваа сезона.
„Македонската лига ќе биде многу тешка, затоа што секоја година е сè подобра. Тоа е добро за ракометот во Македонија. Во дерби дуелите никогаш не се знае кој ќе победи, сите екипи се подобри и посилни од минатата сезона. Сите почнуваме со нула бодови, а на крајот ќе видиме кој ќе биде најдобар и ќе ја освои титулата“, кажа Малус.