Вардар стартуваше со подготовки: Чупиќ ги собра ракометарите во „Расадник“ (ФОТО)

Македонскиот шампион Вардар почна со подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува и во Лигата на шампиони (ЛШ), а денеска екипата под водство на тренерот Иван Чупиќ го одржа првиот тренинг во салата „Расадник“.

Вардар на стартот ќе тренира во салата „Расадник“, по што се сели во Маврово, а потоа следи и настап на турнирите во Охрид и Струга.

Чупиќ оваа сезона ќе има поразличен состав затоа што „црвено-црните“ се засилија со неколку ракометари, како Милан Бомаштар, Леон Љевар, Матео Фадиул, Никола Начовски, Бобан Поповски и Марко Ѓорчески.