
Eден човек бил клучен фактор: Вирц откри зошто го избрал Ливерпул
Германскиот офанзивец беше мета на повеќе европски гиганти, но на крајот Ливерпул победи во трката. По претставувањето Вирц откри и дека тренерот на Ливерпул, Арне Слот бил пресуден фактор во неговата одлука.
„Се сеќавам на нашиот прв разговор. Ми покажа каков фудбал сака да игра и како јас би се вклопил во неговиот систем. По тој разговор и самиот веднаш можев да се замислам во Ливерпул и ќе се обидам да дадам се од себе за да го направаам тимот подобар“, порача Вирц.
Со Вирц во составот Ливерпул ќе се обиде да ја одбрани титулата во Премиер лигата која Слот ја освои во својата дебитантска сезона на клупата.