Искри на Олд Трафорд: Дало безобразно се подмести, Семенјо сакаше да го задави (ВИДЕО)

Првото полувреме од дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Борнмут на Олд Трафорд го одбележаа три гола, но и инцидент што се случи во финишот..

Во главна улога беа Диого Дало од Јунајтед и Антоан Семенјо од Борнмут, а се почна по еден безобразен потег на Португалецот. Додека Семенјо се обидуваше да прифати една висока топка, Дало му се подмести и придонесе противничкиот играч лошо да се приземји.

 

 

Напаѓачот на Борнмут тотално збесна и го фати Дало за врат и ако не беа останатите соиграчи којзнае што можеше да му направи. Инцидентот резултираше со жолти картони за двајцата фудбалери, одлука од која можат да бидат задоволни и едниот и другиот.

По 45 минути игра, Јунајтед води со 2-1 со головите на Диало и Камбијасо, додека погодокот за Борнмут беше дело токму на Семенјо.