Австралијците пукаат од среќа, доаѓа Ѓоковиќ! (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра и подготвителен турнир пред настапот на Австралија Опен.

Тој ќе се натпреварува во Аделаида, на турнирот од серијата 250, кој е закажан за периодот од 12 до 17 јануари. Новак славеше тука пред две сезони, кога го победи Себастијан Корда во финалето, а има титула и од 2007 година. Информацијата за настапот на српскиот ас ја потврди организаторот на социјалните мрежи.

„Не можеме да премолчиме, ама можете ли да не обвините? Добредојде назад, Ноле“, пишува на профилот на турнорот.

Ѓоковиќ не играше тука минатата година, туку се одлучи за Бризбејн, каде што беше сопрен во четвртфиналето од Рајли Опелка, додека во 2024 година играше во Јунајтед Купот. Покрај Новак, меѓу другите ќе учествуваат и Џек Дрејпер, Жоао Фонсека, Томи Пол, Стефанос Циципас... Тоа ќе биде и генерална подготовка за сè што следи на Ози Опен, кој ќе се одржи од 18 јануари до 1 февруари.