Вардар го потврди бразилското засилување, потпиша до 2028!

Од редовите на Вардар го потврдија ангжамаанотн  Брзилецот, Жоао Педро Да Силва кој ќе го засили лидерот на табелата во Суперлигата од јануари.

Договорот кој го потпиша Силва со Вардар е со важност до 2028 година.

Станува збор за универзален бек со примарна улога на среден бек, но може да покрие и лева и десна страна. Препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.

„Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок. Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари“, порачуваат од Вардар.

Во февруари и март, Вардар го чекаат натпреварите од главната фаза во Лига Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство.

Фото: EPA