Капитенот си ја отвори душата: Манчестер јунајтед сакаше да заминам!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, ја отвори душата и искрено зборуваше пред медумите по вчерашното реми против Бормут (4-4).

Португалецот уште еднаш беше прогласен за играч на натпреварот, но ниту тоа не беше доволно „ѓаволите“ да стигнат до победа, а по дуелот призна дека летово бил блиску да го напушти „Олд Трафорд“.

„Клубот сакаше да си заминам летово и така и се чувствував. Тоа им го кажав и на директорите, но мислам дека немаа храброст да ја донесат таа одлука. Одлучив да останам и поради семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот исто така ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот почувствував како да се на некој став: „ако си заминеш, и не е некоја голема работа за нас“. Тоа многу ме повреди и ме направи тажен, затоа што сум играч кој не заслужил критики. Секогаш сум на располагање, секогаш играм, без разлика дали сум добар или лош, но секогаш давам сè од себе“, изјави Фернандеш.

Потврди Фернандеш и дека имал разговори со претседателот на Ал Хилал, но и неговиот соиграч од репрезентацијата, Рубен Невеш.

„Претседателот на Ал Хилал лично ме повика. Рубен Невеш ми пишуваше пораки затоа што сакаше директно да разговара со мене. Сакаа да настапам за Ал Хилал на Светското клупско првенство. Нивниот интерес првпат се појави кога Жорге Жесус беше тренер во 2023 година, тогаш ме побара првпат“, откри Бруно.

Во Манчестер јунајтед Фернандеш пристигна во 2020 година, претходно го носеше дресот на Спортинг, Сампдорија, Удинезе и Новара.

Фото: EPA