Адејеми сака да го напушти Дортмунд зашто жена му сака да живее во поголем град!?

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми наскоро би можел да си замине од бундеслигашот, а причина за тоа е неговата сопруга Лоредана Зефи.

Лоредана наводно не ја гледа својата иднина во Дортмунд и сака да живее во поголем европски град, па поради тоа инсистира да си заминат од германскиот град.

Адејеми е еден од најважните фудбалери на „милионерите“, па Дортмунд би можел да се откаже од неговите услуги само ако пристигна висока понуда.

Засега не се открива неговата следна дестинација во кариерата, но интерес покажаа гиганти како Челси, Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Фото: Borussia Dortmund/Facebook