ПСЖ мора да му исплати 60 милиони евра на Мбапе!
Мбапе во ноември поднесе тужба против гигантот од Париз и бараше отоштета од 263 милиони евра за неисплатени плати и бонуси.
Судот, сепак, пресуди дека Мбапе има право да бара само дел од износот, односно три месечни плати и бонуси, во вкупна вредност од 60 милиони евра.
Мбапе го напушти ПСЖ како слободен агент и се пресели во Реал Мадрид, а тоа дополнително ги влоши односите меѓу напаѓачот и францускиот клуб.