ФИФА му изрече жестока суспензија на Партизан!

Српскиот фудбалски гигант Партизан беше казнет од Светската фудбалска федерација (ФИФА) и остана без можност да реализира трансфери до јуни 2027 година.

Партизан доби забрана за засилувања во следните три преодни рока, откако го загуби судскиот спор против Патрик Андраде, кој во минатото го носеше дресот на „црно-белите“.

Андраде го тужеше белградскиот гигант и бараше Партизан да му ги даде парите за неисплатени плати.

Случајот заврши пред Судот за спортска арбитража во Лозана, при што на Партизан му беше наредено да исплати дури 1,3 милиони евра.

Проблемите не запреа тука за „црно-белите“ бидејќи ги тужеше и неговиот агент, кој треба да добие 270.000 евра од Партизан.