МЗТ го врати Танасковиќ – аеродромци го добија дуелот со грчки ПАОК!

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје официјално го врати Душан Танасковиќ во своите редови, откако успеа да ја добие трката со грчкиот ПАОК за потписот на српскиот центар.

Тој се очекува да биде значајно засилување под кошевите за вториот дел од сезоната, во период кога аеродромци бркаат враќање во елитната АБА лига. Српскиот интернационалец веќе има конекција со клубот од Аеродром, откако во сезоната 2023/24 беше дел од тимот што ја освои тројната круна. Танасковиќ тогаш важеше за еден од клучните играчи и меѓу најзаслужните за историските успеси на МЗТ.

По заминувањето од Скопје, кариерата ја продолжи во Мега, а сезонава настапуваше за Борац Бања Лука. Во рамки на АБА 2 лигата одигра четири натпревари, на кои бележеше просек од 13 поени и 7,5 скока по меч.