Почна судењето против човекот кој ги прегази навивачите на Ливерпул (ВИДЕО)

Денеска пред судија се појави Пол Дојл кој во мај годинава со автомобил газеше луѓе на прославата на титулата на Ливерпул.

Дојл призна вина за 31 точка од обвинението за инцидентот кој го предизвика со неговиот „Форд Галакси“ со кој удри повеќе од 100 луѓе, а меѓу нив имаше и мали деца, кои се здобиле со тешки повреди.

Страшни снимки од инцидентот беа споделени на социјалните мрежи, а истите беа прикажани и во судницата додека Дојл плачеше пред присутните.