Милан ангажира Германец кој сезонава нема дадено гол во Премиер лигата!?
Германскиот фудбалер игра за Вест хем, но нема постигнато ниту еден гол на осум настапи во Премиер лигата оваа сезона, па се поставува прашањето како би можел Фулкруг да им помогне на „росонерите“ кога не е многу ефикасен во нападот.
Италијанскиот клуб го сака напаѓачот на шестмесечна позајмица, по што ќе го врати во Вест хем, а потоа планира да тргне по потписот на Душан Влаховиќ од Јувентус.