Дембеле ја собра и втората највредна награда - најдобар е и според ФИФА! (ФОТО)

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле ја доби наградата за најдобар играч во 2025 година на ФИФА Д'Бест.

Францускиот фудбалер претходно ја доби „Златната топка“, а сега со наградата „Д'Бест“ само се потврди дека беше најдобар.

Познат е и најдобриот тим според ФИФА, а таму се: Донарума, Хакими, Пачо, Ван Дајк, Мендеш, Палмер, Белингем, Витиња, Педри, Дембеле и Јамал.