Алкалоид со победа кај Бутел ја заврши 2025!

Ракометарите на Алкалоид ги освоија планираните бодови од гостувањето кај Бутел откако победија со 33-28 во меч од 18. коло во Суперлигата.

Момците на Кире Лазаров одиграа меч со две различни полувремиња. Имаа одлично издание во првиот дел кој го добија со 18-12 и го решија прашањето околу победникот.

Но, во вториот дел Бутел беше сосема рамноправен тим, ним им припаднаа тие 30 минути кои ги добија со 16-15, но разликата на Алкалоид беше преголема за да се случи чудо. Конечниот резултат беше 33-28 за гостите.

Никола Костески со осум гола беше прв стрелец кај Алкалоид, Серафимов даде седум, најдобар кај Бутел беше Димитар Узунчев со седум голови.

Со овој натпревар Алкалоид ги заврши обврските за 2025 година, следниот натпревар е во февруари.