Вардар без мака ги освои бодовите од Прилеп
Момците на Иван Чупиќ без проблеми ја остварија целта за денешниот меч и лесно дојдоа до бодовите од Прилеп.
Вардарци во првиот дел одиграа подобро, направија предност која потоа само ја сочуваа и дојдоа до триумф. По првите 30 минути резултатот беше 16-11 за Вардар, а во вториот дел додадоа уште еден погодок во разликата за конечни 31-25.
Хориха со десет голови беше најефикасниот ракометар на Вардар, во составот на Прилеп, Тренчевски постигна девет погодоци.
Ова беше последен натпревар на Вардар за оваа година која ја завршуваат на првото место на табелата со 17 победи и еден пораз.
Сега следува пауза поради Светското првенство кое се одржува во јануари, а клупскиот ракомет на домашната сцена продолжува во февруари.