Комплексите на Анчелоти - како селектор на Бразил не го испочитува Рафиња

Иако од летоска е селектор на Бразил и на претстојното Светско првенство ќе зависи од неговата форма, Карло Анчелоти не го испочитува Рафиња во гласањето за наградата The Best.

Како селектор, тој имаше право на глас, но на фудбалерот на Барселона не му додели максимален број бодови, туку пред него го стави својот поранешен пулен од Реал, Килијан Мбапе. На површина излегоа комплексите на италијанскиот стручњак кој беше буквално торпедиран од Рафиња на четирите Ел Класика минатата сезона во кои фудбалерот на Барса постигна вкупно пет гола и со каталонскиот тим освои три трофеи.

Интересно е тоа што и капитенот на бразилската репрезентација Маркињос не му даде максимален број бодови на својот сонародник, туку се одлучи за соиграчот од ПСЖ, Усман Дембеле, но тоа сепак има повеќе логика бидејќи „светците“ ја освоија тројната круна, вклучувајќи го трофејот од Лигата на шампионите.