Мечот на Барса е поместен за половина час, 2.000 навивачи со билети не можат да влезат!
Натпреварот помеѓу Барселона и Гвадалахара е одложен поради недостаток на документи што ја докажуваат валидноста на дополнителната трибина. Без презентирање на овие документи, на околу 2.000 навивачи нема да им биде дозволено да влезат на стадионот.
Информациите велат дека наместо од 21 часот, мечот ќе почне од 21:30.