Рекорд на кариерата на Брајант за трет пораз по ред на Звезда
Тимот од Израел првпат играш во „татковината“ иако не во Тел Авив, туку во Ерусалим, но сепак ја задржа лидерската позиција со 12. победа во сезоната. До неа стигна мошне тешко, по голема борба и благодарение на подобрата игра во финишот.
Гостите го имаа расположениот Батлер кој постигна 27 поени, но тој немаше помош од соиграчите, особено во клучните моменти. Кај Хапоел блескаше Илајџа Брајант кој постигна рекорд на кариерата со 28 поени на кои додаде девет скока и пет асистенции.
Од 16. коло во Евролигата, за издвојување е победата на Панатинаикос на гостувањето кај Фенербахче со 81-77, како и на Валенсија исто така на гости, кај Олимпијакос, со 99-92.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи - Макаби 95-97
Фенербахче - Панатинаикос 77-81
Хапоел - Црвена Звезда 84-78
Олимпијакос - Валенсија 92-99