Милевски и Барди со победникот - двајцата гласаа за Дембеле
Двајцата му дадоа максимален број бодови на фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле кој на крајот го однесе признанието, првпат во својата кариера. И Милевски и Барди му доделија бодови и на Ламин Јамал (капитенот три, а селекторот еден), а се разликуваа само во Нуно Мендес на кого Барди му даде еден бод и Витиња кој доби три од Милевски.
Дембеле заслужено ја освои наградата за најдобар играч во изборот на ФИФА бидејќи беше најзаслужен за тројната круна на ПСЖ.