Барса се изнамачи против 17-пласираниот тим во Третата лига (ВИДЕО)
Можеби конечниот резултаат делува убедливо, но отпорот на 17-пласираниот во Третата лига на Шпанија, Барса го скрши дури во последните 15 минути. Иако претходно ја имаше иницијативата и создаде голем број шанси, но до 77. минута резултатот беше 0-0.
Тренерот Ханси Флик мораше во игра да ги уфрли и најголемите адути Педри и Кунде и дури по нивното влегување почна да се тресе мрежата на нисколигашот. Одбраната на домаќинот капитулираше по ударот на Кристенсен со глава, на центаршут на Де Јонг, а конечните 2-0 ги постави Рашфорд на истекот на основните 90 минути.
Покрај Барселона, пласман во следната рунда од Копа дел Реј вечерва обезбедија уште Ла Коруња, Елче, Сосиедад и Валенсија.