Сопругата на Рафиња распали на социјалните мрежи поради наградите на ФИФА! (ФОТО)

Фудбалерот на Барселона, Рафиња не се најде во најдобриот тим според ФИФА, па неговата сопруга огорчена од изборот објави дури четири поста на социјалните мрежи.

Денеска се одржа манифестацијата на ФИФА, Д'Бест на која беа доделени наградите за најдобрите во 2025 година. 

Рафиња не доби ништо, не беше во најдобриот тим, па неговата сопруга Таиа Белоли не го криеше незадоволството.

Објави четири сториња.

- Тие не ни кријат повеќе
- 62 Голови/Асистенции но не заслужи да биде вклучен во најдобрите 11
- Неправда
- Фали Рафиња е кошаркар?