Челси е прв полуфиналист во Лига купот на Англија (ВИДЕО)

Светскиот клупски шампион Челси помина уште една пречка во Лига купот на Англија и продолжува да атакува на трофејот во ова натпреварување.

„Сините“ од Лондон славеа на гостувањето кај Кардиф со 3-1, но отпорот на третолигашот го скршија дури во последните 15-тина минути. Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, отвори Гарначо, но Турнбул израмни во 75. минута и 1-1 беше се до 82. минута. Нето потоа го врати Челси во водство, а конечниот резултат го постави Гарначо со својот втор гол на натпреварот.

Останатите три учесници во полуфиналето ќе бидат познати до четврток до кога се играат другите натпревари од четвртфиналната фаза.