Бројките се доказ: Аморим е најлошиот тренер во историјата на Јунајтед

Вчера Манчстер јунајтед и Бормут одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот заврши без победник 4-4, а по овој натпревар медиумите повторно имаа критики за тренерот Рубен Аморим.

Имено, од моментот кога Аморим го презема Јунајтед, тимот е дури 14-ти на табелата со 53 бода од 43 натпревари. Во тој период Арсенал собра 88 бодови, Манчестер сити и Ливерпул по 82, Астон Вила 80, а Челси 75. Тоа значи дека најголемите ривали имаат од 22 до дури 36 бода повеќе од „црвените ѓаволи“ по доаѓањето на Аморим.

Посебно за навивачите е загрижувачка играта во одбраната затоа што тимот во тие дуели прими 68 погодоци.

Тука е процентот на побeди кој е само 32% што е најлош во историјата на клубот, од друга страна процентот на поразите е на високи 42%.

За одбраната Аморим беше запрашан и по вчерашниот натпревар.

„Не, не се согласувам дека немаме талент во одбраната. Потребно е како тим сите заедно подобро да се браниме, изјави португалскиот стратег.