Анчелоти ќе влезе во осмата деценија од животот како селектор на Бразил!?
Анчелоти импресионира откако стана првиот стренец селектор на бразилската репрезентација, а „кариоките“ со големи амбиции го очекуваат Мундијалот во Америка претстојното лето. Бразилската конфедерација е заинтересирана да ги обезбеди услугите на Италијанецот до 2030 година, сигнализирајќи ја својата намера да изгради долгорочен проект, наместо да ја ограничи улогата на Карло Анчелоти на еден турнир. Ако тоа се оствари, Анчелоти ќе влезе во осмата деценија од животот како селектор на Бразил, имајќи предвид дека во 2029 ќе наполни 70 години.
Тој беше назначен во мај со почетен едногодишен договор кој важи до крајот на Светското првенство во 2026 година.