Страшен пад на Никола Јовиќ, молк настана во салата по обидот да забие (ВИДЕО)
Падот изгледаше незгодно, а српскиот репрезентативец теренот го напушти со бандажа на раката, но без потреба за носилки, во продолжение веќе не влегуваше во игра.
Тренерот на Мајами, Ерик Сполестра потврди дека рентгенските снимки не покажале скршеница.
„Беше тоа навистина тежок пад. Лактот беше отворен, но рентгенот беше негативен и тоа е добра вест. Сепак, утре ќе направиме магнета резонанца за да бидеме сигурни дека нема дополнителни оштетувањ“, изјави Споелстра.
Засега не е познато колку долго би отсуствувал, но првите прогнози се оптимистички.