Натпревар што никој не сакаше да заврши - 40 шута, осум гола, реми во Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа еден од најдобрите натпревари на сите времиња во Премиер лигата

Дуелот заврши нерешено (4-4), тешко е да се каже кој треба да биде несреќен од овој исход, но јасно е дека најсреќни се сите кои го гледаа овој спектакл на Олд Трафорд. Упатени беа вкупно 40 удари на двете страни, четири пати беше израмнето, екипите три пати се сменија во водство, а буквално до последната секунда постоеше шанса една од нив да ги освои и преостанатите два бода.

Диало го отвори резултатот во 13. минута со најлесниот гол во својата кариера, Семенјо потоа израмни, а во судиското продолжение Касемиро го врати Јунајтед во водство. И потоа почнаа пресвртите, за седум минути игра во второто полувреме Борнмут дојде во водство со 3-2, Јунајтед од 77. до 79. минута преку Фернандес и Куња сврте на 4-4, а Крупи во 84. минута го постави конечниот резултат.

<iframe width='640' height='400' src='https://hoofootay4.spotlightmoment.com/embed/Mg4NNoaSEWw1p' style='border:none;' allowfullscreen></iframe>

Но, тука не беше крајот на возбудувањата. Во судиското продолжение Борнмут имаше дури три шанси да дојде до петтиот гол, ама во овие случаи се истакна голманот Ламенс кој на фантастичен начин ги одбрани ударите на гостинските фудбалери.

Јунајтед и 326. пат по ред во Премиер лигата остана непоразен откако водел на полувреме, но трет пат во низа не успеа да го победи Борнмут на домашен терен.