Фотографија од дербито во Премиер лигата стана хит - вака големо ривалство е реткост!

Соседското дерби помеѓу Сандерленд и Њукасл конечно се врати во Премиер лигата по цели девет години и веднаш потсети колку е големо ривалството помеѓу двата клуба.

Сандерленд успеа да дојде до слатка победа од 1-0, но внимание го привлече и сликата на семафорот.

Имено, таму стоеше само грбот на домаќините, гостинскиот воопшто го немаше и само беше испишано „гости“.

Ќе потсетиме, Сандерленд оваа сезона првпат се врати во Премиер лигата уште од 2016 година.