Конечно, ќе се игра „Финалисима“: Закажан мега-дуелот меѓу Аргентина и Шпанија
„Овој сон, наречен Финалисима, ќе се оствари во март“, изјави Лузан за „Ел Чирингито“ на социјалната мрежа X.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Катар и тоа ќе биде вкупно четврти ваков дуел во историјата. Круната ја брани Аргентина која во 2022 година ја совлада Италија со 4-0.